Хрватите по стапките на Јапонците, ја „светнаа“ соблекувалната

После победата од 31:27 над Исланд, ракометарите на Хрватска ја исчистија и средија соблекувалната како никој да не бил во неа. „Коцкестите“ го продолжија трендот кој го почнаа јапонските фудбалери на Светското првенство.

Луѓето задолжени за одржување на хигиената во салата во Минхен влегле во соблекувалната на Хрватска и веднаш излегле, откако виделе дека нема да имаат што да работат. Хрватите им ја завршија работата, а потоа на фотографираа соблекувалната, за да покажат како ја „светнале“.

Веројатно соблекувалната не била толку средена и чиста ниту пред да влезат избраниците на Лино Червар во неа, па се фалеа по социјалните мрежи со коментари од типот: „Какви Јапонци, погледнете ние во каква состојба да оставивме соблекувалната“.

Навистина е убава глетката кога после престој на еден тим во соблекувална, нема да има расфрлани парчиња храна, облека, кутии и слично.

- Оглас -

Најнови вести