На Хрватска и Јапонија малку им беа 90 минути: Продолженијата или пеналите ќе го дадат победникот (Видео)

Хрватска и Јапонија одиграа 1:1 по регуларните 90 минути во осминафиналето на Светското првенство. Овој резултат значи дека мора да се играат дополнителни 30 минути, а евентуално потоа и да се шутираат пенали за да се дознае патникот во четвртфиналето на Мундијалот.

Јапонија водеше со 1:0 на полувреме, кога по третиот изведен корнер, Дајзен Маеда во 43-тата минута донесе водство за Самураите. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Хрватите знаеја дека во второто полувреме нема што веќе да калкулираат и тргнаа во офанзива да израмнат. Тоа се случи во 55-тата минута, кога по центаршутот на Ловрен, Иван Перишиќ со глава во 56-тата минута израмни на 1:1.

Во продолжение на средбата двете екипи повеќе калкулираа мислејќи на тоа да не примат погодок отколку да се обидат да постигнат втор гол, па затоа возбудувањата на овој дуел ќе продолжат најмалку уште 30 минути.

- Оглас -

Најнови вести