32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Хрватска дефинитивно го добива првиот селектор странец

Ракометната репрезентација на Хрватска за првпат во историјата за селектор ќе има странец, тоа е Исланѓанецот Дагур Сигурдсон.

Неговата официјална промоција како селектор на Хрватска се очекува да биде утре во Загреб.

Првиот предизвик за Сигурдсон ќе биде најтежок, да ја однесе Хрватска на Олимписките игри во Париз. Хрватска во Хановер ќе игра на квалификацискиот турнир за пласман на ОИ во Париз, заедно со селекциите на Хрватска, Австрија и Алжир.

Според пропозициите, двете првопласирани селекции ќе обезбедат пласман на Игрите во Париз.

Сигурдсон во 2016 година беше прогласен за најдобар тренер на светот, а во кариерата ги има водено селекциите на Германија, Австрија и на Јапонија, од каде што доаѓа во Хрватска.

Поради слаби резултати на ЕП, кое во јануари се одржа во Германија, отказ доби Горан Перковац.

- Оглас -

Најнови вести