Хрватска ја доби драмата со Италија, преку пеналите до третата титула светски шампион во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска е нов светски шампион откако во финалето на СП кое се игра во Доха, Катар, по голема драма и по подобро изведување на пенали, ја совлада Италија со 3:2, откако во регуларниот дел беше 1:1.

И двете селекции се менуваа во водство, а популарните „Баракуди“ во последните моменти влегоа со еден гол негатива, но Буриќ на пет секунди пред крајот постигна гол за 1:1.  Во пенал-рулетот, Хрватите беа подобри и славеа со 3:2.

Ова е трета светска титула за Хрватска, предходно славеше во 2007 и во 2017 година.

Третото место го освоија ватерполистите на Шпанија кои во мечот за бронзата ја победија Франција со 14:10.

- Оглас -

Најнови вести