Хрватска ја доби ватерполо класиката против Србија и се пласира во полуфиналето на СП

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска се пласира во полуфиналето на Светското првенство кое се одржува во Доха, Катар, откако во четвртфиналето ја доби класиката против Србија.

Популарните Баракуди во одличен меч славеа со 15:13 и во полуфиналето ќе играат против подобриот од последното четврфинале меѓу Унгарија и Франција.

Првото полувреме помина во израмнета игра (9:9), а третата четвртина ја доби Хрватска со 2:1. Во одлучувачката четвртина, Хрватите во финишот постигнаа три гола по ред и од 12:12 поведоа со недостижни 15:12 на 1.30 минута до крајот. Големи заслуги има и голманот на Хрватска, Марко Бијаќ, кој одбрани два петерци.

Во првото полуфинале ќе играат Шпанија и Италија. Шпанија со 15:12 ја совлада Црна Гора, додека Италија со три гола во последните 140 секунди даде три гола и славеше со 11:10 против Грција.

- Оглас -

Најнови вести