Хрватска најавува спектакл – 300 милиони луѓе ќе ја гледаат Снежната кралица

Загреб и Сљеме се подготвени за спектакл на снег, а на 4 и на 5 јануари светот на скијањето ќе биде со фокус на хрватските трки во слалом, во женска и во машка конкуренција.

Популарното шоу Снежна кралица, според најавите на Хрватската радиотелевизија, ќе биде пренесувано ширум светот и се очекува околу 300 милиони гледачи да го проследат дводневото скијачко шоу.

На 4 јануари во 13 часот ќе се стартува женскиот слалом, а за победа ќе се вози од 16.15 часот, кога започнува втората трка кај дамите.

Следниот ден на ред е машкиот слалом, кој ќе започне во 14.15 часот, а финишот е во ноќни услови под рефлектори, со старт на втората трка од 17.40 часот.

- Оглас -

Најнови вести