Хрватска навивачка инвазија пред клучниот меч: центарот на Виена како да е Загреб (Фото)

Околу 20.000 хрватски навивачи се очекува да има вечерва на трибините на „Ернст Хапел“ во Виена, каде Австрија и Хрватска играат важен меч од Лигата на нации.

Иако секторот на трибините за гостински навивачи има 2.700 седишта, хрватските фанови купија билети за сите трибини, многумина од хрватската дијаспора ќе ги бодрат Коцкестите, па Лука Модриќ и другарите ќе се чувствуваат како дома.

Хрватска ако победи против Австрија, ќе игра на фајнал-форот и ќе се бори за титула во Лигата на нации. Австрија ако победи, може да избегне испаѓање во Лига Б, но мотивите на Хрватите се поголеми, затоа е и навивачката инвазија на главниот град на Австрија.

Австријците победија на првиот меч во Осиек, па сега Хрватите сакаат да им се реваншираат, и да го освојат првото место во конкуренција на Франција и Данска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести