Хрватска победи, Лино не е задоволен: Да не се повтори ваков Мундијал

Хрватска го скрши отпорот на Ангола во второто полувреме и победи со 28:20, а селекторот на популарните Каубои, Лино Червар не е задоволен.

„Никогаш да не се повтори ваков Мундијал. на ова првенство има две врсти на репрезентации, тие што не беа во изолација поради Ковид-19 и се подготвуваа непречено цела година, и такви како нас што имавме проблеми. Не сме максимално подготвени, но ќе се обидеме да извлечеме максимум. Погледнете ги Русите и Словенците, летаат на терен, бидејќи кај нив се играа домашните првенства“, изјави Червар.

Хрватите кикснаа во првото коло и едвај извлекоа реми против Јапонците, а и вечерва не штимаше се како што очекуваа во таборот на еден од главните кандидати за титулата во Египет.

По првото полувреме Хрватска имаше само гол предност, 12:11, а потоа сепак успеа да направи поголема разлика и да победи со 28:20.

Во останатите мечеви што завршија Тунис и Бразил одиграа нерешено, 32:32, Катар ја победи Јапонија со 31:29, а Аргентина славеше против Бахреин со 24:21.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести