Хрватска тенисерка, Дона Векиќ, е вистинска сензација на женскиот тениски турнир на Летните олимписки игри во Париз, откако доцна синоќа после вистинска драма успеа да ја победи Марта Костјук во меч кој траеше три часа, а заврши дури после полноќ.
Векиќ во четвртфиналето славеше во 2-1 против 19-тата тенисерка во светот, а вистинска драма имаше во третиот сет во кој победникот мораше да биде одлучен во тај-брејк. Костјук имаше меч-топка на 6-5 и свој сервис, но хрватската тенисерка, успеа да го освои противничкиот сервис, а потоа со 10-8 да го освои тај-брејкот.
Противничка на Дона Векиќ во полуфиналето ќе ѝ биде 67-мата тенисерка на ВТА листата, Ана Каролина Шмидлова од Словачка, меч во кој Хрватката е голема фаворитска со квота за победа од 1.51.