Хрватска, Шпанија и Русија ривали во најтешката група во Дејвис купот

Хрватска, Шпанија и Русија ќе играат меѓусебе во најтешката од шесте групи според новиот формат во Дејвис купот по денешната ждрепка во Мадрид.

Дејвис купот ќе се игра најпрво во групи, а победниците и двете најдобри второпласирани селекции ќе играат за титулата од 18-ти до 25-ти ноември годинава.

Дејвис купот за првпат ќе се игра по новиот формат, откако се најде спонзор и се прекина со праксата да се играат елиминациски мечеви во Светската група.

Еве го составот на сите шест групи:

Хрватска, Шпанија, Русија

Франција, Србија и Јапонија

Аргентина, Германија и Чиле

Белгија, Австралија и Колумбија

Велика Британија, Казахстан и Холандија

САД, Италија и Канада.

- Оглас -

Најнови вести