Хрватска си најде детелина со 4 листа

Актуелниот светски вицешампион Хрватска си обезбеди пласман на Европското првенство во 2020 година со вчерашната победа против Словачка со 3:1.

На патот кон јубилејното Европско првенство на кое идната година ќе се слави 60 години и ќе се игра во 12 различни градови, популарните „коцкести“ забележаа историски успех.

Избраниците на Златко Далиќ за првпат во квалификациски циклус за ЕП, или СП победија на сите четири натпревари што ги играа на домашен терен. И тоа го сторија на четири различни стадиони во четири градови.

Почнаа со победа на „Максимир“ во Загреб против Азербејџан, кого го совладаа со 2:1, потоа со идентичен резултат падна Велс во Осиек на „Градски врт“, серијата продолжи со триумф од 3:0 против Унгарија на „Пољуд“ во Сплит и успешно заврши со вчераниот успех против Словаците на „Рујевица“ во Риека.

Хрватска со 17 бода успешно го заврши квалификацискио турнус и секако ќе биде прва во Е групата, без разлика на исходот на последните дуели, кои ќе одлучуваат за вториот патник на Еп од оваа група.

- Оглас -

Најнови вести