Хрватска треба да си го земе подарокот кој го доби пред три дена

6051 Андора – Израел (20.45 часот)

Израелците не обезбедија пласман на ЕП преку квалификациите, но следната година ќе играат баражи преку Лигата на нациите и таму ќе ја бараат шансата. Израел освои само еден бод во последните три кола, но големи фаворити се против Андора и би требало да победат за потврда на третото место во групата. Малата Андора освои два бода, а има дадено само три гола во девет кола. Во јуни, Израел дома ја совлада Андора минимално со 2-1, тоа е и последниот гол што го има дадено пиринејската селекција.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.99)

 

6707 Грција – Франција (20.45 часот)

Ова е меч од групата Б во која, верувале или не, досега нема ниту еден нерешен резултат. Грците ќе играат бараж за ЕП, а Франција обезбеди учество. Французите пред три дена му дадоа дури 14 гола на Гибралтар, па нашите јужни соседи треба да се плашат од ефикасноста на противникот кој им гостува вечерва во Атина. Франција ги доби сите седум меча досега во циклусот, а прими само еден гол. Летоска во Париз Франција ја победи Грција само со 1-0, со пенал на Мбапе.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.45)

 

6705 Хрватска – Ерменија (20.45 часот)

Хрватите треба да им се заблагодарат на Ерменците за услугата во минатото коло и што Коцкестите сега се во позиција сами да решаваат и со победа вечерва да одат на ЕП. Ерменците му ги расипаа сметките на Велс, а и самите веќе немаат шанса. Хрватска има златна прилика која веруваме дека нема да ја испушти. Хрватите во септември го запреа налетот на Ерменија и од тој меч Ерменците паднаа во криза и не победија никого.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.89)

 

6715 Романија – Швајцарија (20.45 часот)

Романците и Швајцарците обезбедија пласман на ЕП, а овој дуел ќе одреди кој ќе биде прв во групата и ќе биде во поповолен шешир при ждрепката за првенството. Ни Романија ни Швајцарија немаат пораз, па со реми вечерва би останало така и по завршувањето на квалификациите. Романија има два бода повеќе, а Швајцарија е поефикасен тим, но има и двојно повеќе примени голови. Нивниот меѓусебен дуел во Швајцарија заврши 2-2, иако до 89-та минута Швајцарија водеше 2-0.

Предлог тип: Х (3.45)

 

6702 Велс – Турција (20.45 часот)

Велшаните со киксот против Ерменија во минатото коло ја испуштија шансата, сега им треба мало чудо за да се пласираат на ЕП. За да се оствари чудото, мора да ја победат Турција како еден од двата услова, а тоа нема да биде лесно. Поради домашниот терен и мотивацијата, Велс е фаворит на хартија, но Турците сигурно нема да сакаат да загубат без да дадат отпор. Последниот пораз на Велс беше токму кога гостуваше кај Турција.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.99)

- Оглас -

Најнови вести