Хрватска се мачеше, но го победи жилавиот Катар

Хрватска се мачеше, но сепак успеа да го победи жилавиот противник Катар со 26:24 и да се пласира во следната фаза по групи на Мундијалот во Египет, како првопласирана екипа.

Хрватите носат три бода во следната фаза, а со нив во групата ќе играат и Катар и Јапонија, а овие треи селекции ќе бидат ривали со Данска, Аргентина и Бахреин.

Избраниците на Лино Червар по голема битка го добја првото полувреме со 13:11 против Катар, а потоа беше уште понеизвесно се до финишот.

Катарците постојано бркаа негатива и стасаа на прагот на подвиг во последните десет минути кога намалија на 22:23. Но, фаворитот остана смирен и не дозволи изненадување.

Шпанија лесно го победи Тунис со 36:30 и заврши како првопласирана селекција во Б групата. Блескаа голманот Де Варгас со 18 одбрани и Анхел Фернадес со 10 голови. И Фуријата ќе почне со 3 бода во следната фаза по групи, а Тунижаните испаднаа.

Меѓу 24-те најдобри селекции на светот се проби и Бахреин по победата против ДР Конго со 34:27.

 

- Оглас -

Најнови вести