26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Хрватскиот голман може да го пропушти СП откако беше истепан од соиграчот во тимот на Загреб

Поразот на хрватскиот ракометен првак Загреб на свој терен од екипата на Нант во Лигата на шампионите имаше многу негативно влијание врз играчите, па по мечот, во соблекувалната имало тепачка.

Милош Кос го нокаутирал хрватскиот репрезентативен голман Матеј Мандиќ, а сега се откриени детали од инцидентот. Нетрпението меѓу двајцата играчи започнало уште на теренот, кога почнале вербално да се навредуваат. Во еден момент Кос му се обратил на Мандиќ со зборовите: „ќе видиш ти во соблекувалната“, пишува Национал.хр“.

По завршувањето на мечот, ветувањето на Кос било реализирано. Кога Мандиќ влегол во соблекувалната, веднаш го прашал Кос: „Што ќе видам?“, а потоа веднаш следувал нокаут. Од силината на ударот на Мандиќ му била скршена јаболчната коска на лицето и веднаш бил пренесен во болница.

Мандиќ ќе мора да оди на операција, по која ќе треба да паузира во следните шест недели. Тоа значи дека Мандиќ може да го пропушти и Светското првество, кое започнува во средината на јануари.

Малку фалело Кос да се степа и со Звонимир Срна, кој кога видел како Мандиќ паѓа на земја, тргнал кон Милош, но останатите соиграчи спречиле да има поголем хаос.

- Оглас -

Најнови вести