Хрватските Баракуди ги изедоа Делфините од Србија и ќе играат во полуфиналето на СП

Хрватска ја победи Србија во уште една ветерполо класика, во четвртфиналето на Светското првенство во Унгарија. Популарните Баракуди победија со 14:12, иако пред мечот ја немаа улогата на фаворити.

Ватерполистите на Хрватска поведоа со 1:0 и до крајот на мечот во ниту еден момент не беа во подредена ситуација. Србите израмнија на 1:1, а потоа гол за гол се играше до 5:5.

На почетокот на втората четвртина Баракудите со одлична игра направија серија од 3:0 и стигнаа до предност од 8:5, а потоа и од 9:6. Српските Делфини намалија на 8:9, потоа беше и 10:11, а Хрватска со низа од два гола стигна фо 13:10 и 14:11, па победникот беше познат.

Место во полуфиналето обезбеди и Грција, која со 16:11 славеше над САД. Останатите полуфиналисти ќе бидат познати по завршување на дуелите Шпанија – Црна Гора и Унгарија – Италија.

- Оглас -

Најнови вести