Хрватските „баракуди“ убедливо ќе ги совладаат жилавите Американци

Австралија – Казахстан (01.30 часот)

Селекцијата на Австралија е толку голем фаворит, што не може да се обложите на нејзина победа против Казахстан. Останува да одберете дали ќе се обложите на победа на Кенгурите од над 9 или помалку голови разлика или пак да пронозирате колку голови ќе паднат, во ситуација кога зададената граница е 20.5. Во првото коло двете селекции беа убедливо надиграни, наш тип е дека нема да се надмине бројката на голови која е дадена како граница.

Предлог тип: <20.50 (1.90)

 

САД – Хрватска (02.50 часот)

Хрватите кои се можеби и главен фаворит за одбрана на светската титула, на стартот ја разбија Австралија со 14-4, но и Американците беа убедливи против Казахстан со 16-7. Сепак, главна цел на САД годинава се Панамериканските игри. Хрватска нема да го потцени противникот кој секогаш игра со гордост и физички доста цврсто. Квотата за чиста двојка во Sport Life е 1.13, ние прогнозираме победа на Хрватска со пет или повеќе голови разлика.

Предлог тип: Х 2 4.50 (1.90)

 

Унгарија – Шпанија (04.10 часот)

Ова е дуел на два тима кои се кандидати за медал, а дека е дерби на денот, покажува и релативната изедначеност на квотите за единица и двојка. Унгарците се благи фаворити, но ние би се обиделе со двојна шанса и прогноза дека Шпанија сепак нема да загуби. Во првото коло и Шпанија и Унгарија немаа достојни противници и победија со по 20 гола разлика.

Предлог тип: Х2 (1.85)

 

Чикаго кабс – Синсинати редс (02.05 часот)

Ова е пресметка на 4-тиот и 12-тиот на табелата во националната лига во МЛБ. Според тоа, славниот клуб од Чикаго треба да биде фаворит, но традицијата е против нив. „Црвените“ синоќа славеа во меѓусебниот дуел со 6-3. Кабс има шанса за реванш и веруваме дека ќе ја искористи, иако Синсинати доби пет од последните шест гостувања кај Чикаго.

Предлог тип: 1 (1.77)

 

Филаделфија филис – Лос Анџелес доџерс (01.05 часот)

Доџерс е лидер во националната лига, додека Филаделфија е петта и ќе сака на Лос Анџелес да му ја запре низата од три победи по ред. Доџерс е многу незгоден гостин, тоа го докажа синоќа со победата од убедливи 16-2 против тимот од Филаделфија. Мотивот ќе биде на страна на домашните, но квалитетот ги фаворизира гостите.

Предлог тип: >9.50  (1.90)

- Оглас -

Најнови вести