Хрватските ракометари ја победија Германија и 99,9% се пласираа на Олимписките игри

Машката ракометна репрезентација на Хрватска ја победи Германија со 33-30, и направи клучен чекор кон пласман на олимпискиот турнир во Париз.

Од оваа група во квалификациите, Хрватска речиси сигурно ќе биде прва (треба да игра уште со аутсајдерот Алжир кој денеска се среќава со Австрија), а за второто место кое истотака води на ОИ во Париз, ќе решаваат Германија и Австрија во директниот меѓусебен дуел во третото коло.

Ако Австрија денеска го победи Алжир, тогаш Хрватска и теоретски ќе биде прва во групата и оди на ОИ.

- Оглас -

Најнови вести