Хулигани на Ажаксио нападнаа осумгодишно дете кое боледува од рак и му го запалија дресот

Навивачите на Ажаксио направија инцидент за време на мечот од последното коло во Лига 1 и дуелот со Олимпик Марсеј. Ажаксио го совлада со 1:0 Олимпик Марсеј, но мечот ќе се памети по инцидентот што го приредија домашните фанови.

Ажаксио му беше домаќин на осумгодишно момче, Кензо, кое е навивач на Олимпик Марсеј, но има тумор на мозокот поради што го губи видот. Момчето заедно со неговиот татко на натпреварот пристигна во дрес на Олимпик Марсеј, а тоа не им се допадна на навивачите на Ажаксио.

Десетина хулигани прво го удрија неговиот татко, потоа го турнаа момчето и му го соблекоа дресот, кој потоа го запалија.

„Мислев дека сме безбедни, па поради тоа му дозволив да го облече дресот. Мојот сопруг го држеше за рака и сакаше да му ги покаже играчите кои излегуваа на теренот. Но, потоа се тргна на лошо. Го турнаа син ми, а сопругот го удрија по лице. Потоа на син ми му го соблекоа дресот и го запалија. Кензо е свесен дека е тешко болен и го губи видот и ми рече дека пред целосно да ослепи, сака да го гледа Марсеј во Ажаксио. Поради тие идиоти, Кензо ќе има трауми“, изјави мајката на момчето, Амандин.

Управата на Ажаксио вети дека ќе ги открие хулиганите и ќе ги гони кривично.

- Оглас -

Најнови вести