Хулиганите на Бенфика прават хаос низ Лисабон: Настрадаа навивачи на Спортинг (видео)

Вчера во Лисабон околу 22 часот две навивачки групи на лутите ривали Бенфика и Спортинг Лисабон физички се пресметаа. Се верува дека напаѓачите, кои биле околу 15 лица, се припадници на навивачката група „No name boys“ која ја поддржува Бенфика, а нападот го извршиле врз тројца мажи фанови на Спортинг.

Навивачката група и претходно има правено вакви проблеми, а се обвинети и за смрт на двајца навивачи на Спортинг.

Во дел од видеото подолу се гледа како повеќе луѓе тепаат еден човек кој беспомошно лежи на земја, а може да се претпостави дека сето ова се случувало за време на полициски час бидејќи улиците се празни.

- Оглас -

Најнови вести