Хулиганизам без граници, масовна тепачка на хиподром (Видео)

Хулиганизмот во Англија не е ексклузивитет само за фудбалските натпревари, туку сега се пресели и онаму каде што малкумина би очекувале, на хиподром. Во близина на Ливерпул се наоѓа хиподромот „Хејдок парк“, имаше трки со коњи, а после една од трките, се случи голем инцидент и масовна тепачка со 50-тина учесници.

„Една жена и бебе се најдоа среде хаосот“ – објавија англиските медиуми, повикувајќи се на сведоци и снимки од настанот. Нема пријави за повредени лица, никој не побарал лекарска помош, но едно лице е уапсено и тоа не поради учество во тепачката, туку за поседување на опојни средства.

Тепачките на коњичките трки се сè почеста појава во Британија. Во претходната година, имаше тепачки на три различни хиподроми.

https://www.youtube.com/watch?v=URm4YL-3LzI

- Оглас -

Најнови вести