Хуманитарен тикет од момците од спортско-забавно-обложувачката емисија „ГГ 3+“

Кога двајца другари од факултет и од населба, фанатици за спорт, ќе добијат шанса да бидат главни актери во проектот на продукцијата „Медиа Таг“ да водат емисија во која ќе опфатат спортски теми, забава, и обложување во хуманитарни цели, исходот не може да не биде позитивен. Таков е случајот со креативните Слаѓан Ивковиќ и Никола Здравковиќ, или Слаѓо и Никац од емисијата „ГГ 3+“.

Тие ја прифатија понудата од „Медиа Таг“ и со својата креативност успешно го тераат проектот. „ГГ 3+“ може да ја погледнете на Фејсбук и на Јутјуб. Доколку не сте гледале, ви препорачуваме да го сторите тоа.

„Идејата беше да се направи нешто што ќе биде истовремено и спортска емисија, но и нешто привлечно за сите оние љубители на спортот кои сакаат да се опуштат, да се насмеат, да слушнат интересни работи од интересни гости. Не сакавме емисија со многу филозофии, туку мешавина од спорт, анегдоти, па и обложување. За името на емисијата дававме идеи и ние и продукцијата, некако ГГ3 + е и спортски и обложувачки термин, асоцира и на фудбалски меч со голови, и обложувачите сакаат да типуваат на многу голови. Задоволни сме, супер сме прифатени, ова ни е втора сезона, секојдневно ни пристигнуваат пораки на фан-страната и на личните профили“ – раскажуваат Никола и Слаѓан.

НЕМА СТРИКТНО СЦЕНАРИО, МУАБЕТОТ ИМ ОДИ СПОНТАНО, ПА И ГОСТИТЕ СЕ ОПУШТЕНИ ПОКРАЈ НИВ

Недостатокот од спортски емисии, ги натерало да направат вакво нешто. Ова е првиот подкаст во Македонија.

„Сакавме  да направиме нешто што го нема кај нас. Ние сме првиот спортски подкаст во Македонија, го прикажуваме нашето секојдневние, само пред камери и збогатено со популарни гости кои заслужуваат внимание. Симпатично е што си правиме опуштен муабет, особено во време кога медиумите се оптоварени со серии и турбо фолк шоуа, им фали спорт. Потребен е издувен вентил, и љубителите на спортот да ги слушнат луѓето за кои навиваат. Немаме сценарио, едноставно си седнуваме и правиме емисија. И гостите кога ќе видат дека е опуштена атмосферата, уживаат и знаат да кажат многу интересни работи и анегдоти кои не се познати за јавноста“ – велат аеродромските момци.

Од неодамна, емисијата се прави во соработка со Златна копачка, се доделуваат ваучери, а во наредниот период, до пред крајот на годината истата соработка продолжува со обложувалницата Sport Life.

„Сакаме да зборуваме за сè она што се случувало изминатиот период и да го презентираме на посебен начин низ наши шеги и досетки, со тоа даваме шарм. Следиме широк спектар на спортови, не само фудбал. Ги следиме сите лиги, и секогаш имаме вишок материјали. Правиме тикет со гостинот, сето тоа оди хуманитарно, доделуваме ваучери за публиката, за оние што ќе одговорат точно на таканаречените мозгалици. Направивме и фантази лига за англиското првенство, со тоа што победникот на крајот на лигата ќе добие дрес по негов избор, со неговото име, и ќе ни биде гостин во емисија. Имаме речиси 200 члена, а во водство во моментов е екипа која се вика Една е Весна Змијанац“ – велат Слаѓан и Никола.

ИМАЛЕ И СОЛИДНИ ДОБИВКИ, НО ДОБРО ГИ ПАМЕТАТ ТИКЕТИТЕ КОИ НЕ ИМ БИЛЕ ДОБИТНИ ПОРАДИ ЕДНА УТКА

Слаѓан вели дека знае да напише по некој тикет, повеќе за забава, без некои големи уплати, затоа и добивките кои ги имал не биле којзнае колку големи.

„Најголема добивка ми е над 18.000 денари. Обично не уплаќам големи суми, затоа и правам тикети со кои максималната можна добивка не е преголема. Повеќе играм за забава“ – вели Слаѓан.

Никола фаќал до 10.000 денари, а многу добро памети една случка од минатото кога поради еден гол, не заработил 108.000.

„Уплатив еден тикет во Спорт Лајф, и можната добивка беше 108 илјади, а чекав на меч на Брага да паднат најмногу два гола. Брага таа сезона во Португалија имаше некој мизерна гол-разлика, отприлика 8-4 после десет кола, и јас играв 0-2 гола. Но, како за инает одиграа 2-1, и само поради тој еден гол плус не бев добитен. Преголеми добивки не сум имал, до кај 9-10 илјади денари, но и јас уплаќам помали суми. Често миксам спортови, не се држам само на фудбал, играм и кошарка, Евролига на поени, НБА…“ – објаснува Никола.

СЛАЃАН ОД ДЕТЕ Е ФАН НА БАРСА, НЕ САКА ДА ВЕРУВА ДЕКА КАТАЛОНЦИТЕ ЌЕ ЗАГУБАТ ОД РЕАЛ

„Ел Класико доаѓа во момент после киксевите на двата тима во минатото коло. Иако се игра без публика, домашниот терен треба да биде предност за Барса, и мислам дека нема да загуби. Лично сакам Барселона да победи, бидејќи уште од дете сум фан на тој клуб. Ќе биде тесно, не верувам дека ќе има премногу голови, а верувам дека нема да загуби мојата Барса“ – најавува пристрасниот Слаѓан.

Никола е неутрален, но и тој не верува во „двојка“.

„Барселона за нијанса во подобар момент го очекува мечот, го победија Ференцварош и си го намалија притисокот, а Реал губи кај ќе стигне, и ќе мора да се вади. Реал нема да се даде така лесно. Мислам дека Реал нема да победи, според мене најреално е да заврши нерешено, без премногу голови, на пример со резултат 1-1“ – прогнозира Никола.

Двајцата се согласија дека ако тикетот кој го составија биде добитен, лесно ќе изберат каде ќе ги донираат парите, имаат неколку опции, каде и да донираат нема да погрешат, но прво треба да се исполни главниот услов, да се погодат шесте меча од тикетот уплатен во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести