Хумелс сака да се врати во Борусија Д., но навивачите имаат горчлива порака за него

Матс Хумелс, дефанзивецот на Баерн Минхен, по три сезони поминати во најтрофејниот германски клуб, реши да се врати во Борусија Дортмунд. Двата клуба ги договорија речиси сите детали. Трансферот е вреден 30 милиони евра, од кои 20 милиони ќе бидат платени веднаш, а останатите 10 милиони ќе бидат во вид на бонуси.

Хумелс се согласи и за помала плата. Наместо досегашните 12 милиони евра по сезона во Баерн, треба да добива 9,5 милиони евра за враќањето во Борусија Дортмунд. Иако сè делува лесно, трансферот на Хумелс очигледно нема да оди толку лесно.

Навивачите на Борусија Дортмунд се тие кои јавно порачаа дека се против враќање на Хумелс во Дортмунд. Тие како предавник го сметаат нивниот поранешен капитен, кој во 2016 година се пресели во Минхен. На денешното финале во кадетска конкуренција меѓу Борусија и Келн, зад еден од головите се појави транспарент на кој пишуваше „Број 15- нема компромис“. Бројот 15 е тој што го носеше Хумелс додека беше играч на Борусија Д.

 

- Оглас -

Најнови вести