Хумелс: Син ми се радувал кога си дадов автогол, треба да го научам какви се правилата

Одбранбениот фудбалер на германската репрезентација, Матс Хумелс, си даде автогол во поразот на Германија од 0-1 против Франција во првото коло, а открива дека неговиот син Лудвиг кој има три години, се радувал кога татко му ја испрати топката во мрежа.

„Тој уште не знае што е тоа автогол. Мисли дека секое ставање на топката во мрежа е правилно. Ми рекоа дека се радувал кога видел како ја испратив топката во нашиот гол. Ќе мора да му ги објаснам правилата“ – изјави 32-годишниот Хумелс кој утре против Португалија има шанса да се извади за несреќата која го снајде во проото коло.

- Оглас -

Најнови вести