Хуркач беше само добар спаринг партнер, Ѓоковиќ е полуфиналист во Мадрид

Новак Ѓоковиќ на рутински начин, со 6-3, 6-4, го победи Полјакот Хуберт Хуркач, и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, кој се игра на земјена подлога, како една од главните подготовки за претстојниот грен-слем „Ролан Гарос“.

Србинот сега мирно може да го гледа наредното четвртфинале во кое меѓусебе ќе играат двајцата Шпанци, Рафаел Надал и Карлос Алкараз. Победникот од тој дуел, ќе игра против Ѓоковиќ во мадридското полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести