И 57 поени на Харден недоволни за победа, Бостон потклекна пред Ембид

Мемфис гризлис се избори за минимална победа од 126:125 во продолжение против Хјустон рокитс. Домаќините немаа идеја како да го спречат разиграниот Џејмс Харден, кој постигна неверојатни 57 поени, надополнети со 8 асистенции и 7 скока, но тимската игра им овозможи на Мемфис на крајот да слават.

Мемфис од старт го контролираше мечот, своевремено предноста гласеше и +19, но гостите на погон на Харден ја стопија негативата и во последните минути од регуларните 48 стигнаа до израмнување. И во дополнителниот период, Мемфис прв повлече потег кон победа. За 125:125 израмни Харден, а домашниот состав преку Валанчиунас имаше шанса да ја добие пресметката, па откако во последната секунда беше направен фаул врз него, литванскиот центар погоди едно слободно, што беше доволно за славење.

Покрај 57 поени на Харден, расположен за Хјустон беше и Крис Пол со 18 поени, додека во тимот на Мемфис со 35 поени најефикасен се истакна Конли, Валанчиунас заврши со дабл – дабл од 33 поени и 15 скока.

https://www.youtube.com/watch?v=CaGPpXTo-dA

 

Џоел Ембид ја предводеше Филаделфија до 47-миот триумф сезонава, откако со 118:115 Сиксерси го совладаа тимот на Бостон. Селтикси иако го контролираа резултатот во поголемиот дел од средбата, во клучните моменти потфрлија, а сето тоа го искористи доминантниот центар на Филаделфија, кој заврши со дабл-дабл учинок, односно со фантастични 37 поени и 22 скока.

Батлер додаде 22 поени во победата, Херис постигна еден поен помалку, додека кај поразените најрасположен беше Кајри Ирвинг со 36 поени, Хорфорд заврши со 22.

 

Останати резултати НБА: 

Кливленд – Милвоки бакс107:102

Орландо меџик – Њу Орлеанс пеликанс 119:96

Њујорк никс – Јута џез 116:137

Чикаго булс – Вашингтон визардс 126:120

Сан Антонио спарс – Мајами хит 105:110

Оклахома сити тандер – Торонто репторс 114:123

Портланд трејлблејзерс – Далас маверикс 126:118

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести