И брз и многу атрактивен – Класен им даде гол на Турците за помалку од една минута (Видео)

Холанѓаните постигнаа експресен гол во 56. секунда на мечот против Турција на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам, а акцијата беше исклучително атрактивна.

Бергхаус одигра до Класен, кој одигра атрактивно со петица до Депај, а по неговата асистенција беше и стрелец на првиот погодок на мечот за помалку од една минута.

Домаќините постигнаа уште еден гол, а во 16. минута стрелец беше Мемфис Депај, па Лалињата водат убедливо со 2:0.

Мечот во Амстердам е квалификациски за настап на Светското првенство во Катар, а двете селекции се главни кандидати со Норвешка за првото место во Г групата што води на Мундијалот во 2022 година.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести