И Џон Тери пред ангажман во Саудиска Арабија

Поранешниот капитен на Челзи и на англиската репрезентација, Џон Тери, е главен фаворит да седне на клупата на саудискиот Ал-Шабаб, објавија англиските медиуми.

Според таблоидот „Сан“, Тери ги договорил личните услови со Ал-Шабаб и од преселба во Саудиска Арабија го дели само потпис на договорот.

Тери моментно работи како консултант во академијата на Челзи, и според „Сан“, клубот нема да му прави проблеми да се пресели во Ал-Шабаб, кој по пет одиграни кола во саудиската лига се наоѓа на претпоследното 17-то место на табелата само со два освоени бода.

- Оглас -

Најнови вести