И германскиот првак тргна по Санчо

Сагата околу Џејдон Санчо беше актуелна тема и за време на пандемијата со корона-вирусот која привремено го паузираше спортот, а не стивнуваат шпекулациите за неговата иднина и по рестартот на сезоната во Бундеслигата. Санчо е меѓу најдобрите играчи на Б. Дортмунд, ако не и најдобар заедно со Халанд, а за неговиот потпис познато е дека се интересираат сите англиски гиганти, почнуајќи го Ливерпул, до Јунајтед, Сити и Челзи.

Сепак, според цената која ја постави управата на Милионерите, не секој може да си ги дозволи услугите на Санчо, но ова не важи за актуелниот германски првак. Баерн Минхен планира да обнови дел од напаѓачките опции, а токму е прва цел на Баварците. Германските медиуми јавуваат дека Баерн е подготвен да ја плати отштетата од 120 милиони евра за брзоногиот англиски офанзивец.

Оваа бомбастична информација доколку се испостави дека е вистинита, односно Баерн го добие потписот на Санчо, ќе продолжи и нивниот шопинг од редовите на ривалот, како што во минатото тоа беше случајот со Левандовски, Геце, Хумелс.

- Оглас -

Најнови вести