И Халилхоџиќ си замина, Нант смени 13 тренери за 12 години

Вахид Халилхоџиќ за последен пат го предводеше Нант од клупата против Џенова, вчера на пријателскиот меч што заврши нерешено 1:1 и одлучи да си замине, па популарните „канаринци“ се рекордери во Франција по бројот на сменети тренери од 2007 година досега.

Халилхоџиќ е тринаесеттиот тренер што си заминува, а си поднесе оставка поради кавгата со полскиот газда на Нант, Валдемар Кита.

Од актуелните француски прволигаш по бројот на сменети тренери зад Нант е Олимпик Марсеј со 9 различни кормилари во последните 12 години, а по 8 смени направија Амиен, Мец, Ним и Ремс.

Актуелниот првак Пари Сен Жермен е во долниот дом на екипи што не менувале често, а само пет шефови на стручен штаб биле на кормилото на „светците“ од Париз од 2007 година.

Најстандарден во тој поглед е Анже кој има само два тренери од 2007 досега. Жан Луи Гарсија во 2011 година беше заменет со Стефан Мулин, кој се уште е шеф на стручниот штаб на клубот од Западна Франција.

- Оглас -

Најнови вести