И Јокиќ е позитивен на коронавирус, го одложи заминувањето во САД

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, има корона-вирус. Откако тенисерот Новак Ѓоковиќ доби резултати со кои се потврди дека е позитивен на тестирањето, сите кои беа во негова близина се тестираа, а испадна дека и Јокиќ е заразен. Јокиќ и Ѓоковиќ на 11 јуни седеа еден до друг за време на ревијалниот кошаркарски меч во Белград, кога тренерот Дејан Милојевиќ се прости од клубот Мега Бемакс. На тој меч играше Никола Јанковиќ, за коgo неколу дена после тоа беше објавено дека е заразен.

Јокиќ нема симптоми, а според американските медиуми, тој од минатата недела знае дека е позитивен на корона-вирусot, па го известил својот клуб дека подоцна ќе им се приклучи бидејќи сега во овие околности патувањето во САД е невозможно.

- Оглас -

Најнови вести