И Јунајтед потврди: Санчо е новиот Црвен ѓавол

Џејдон Санчо по завршувањето на обврските со Англија на ЕП, ќе ја задолжи опремата на Манчестер јунајтед.

Клубот потврди дека е постигнат договор со Борусија Дортмунд околу ангажманот на 21-годишниот офанзивец, кој ќе биде трет најскап трансфер во историјата на Црвените ѓаволи со сума од 90 милиони евра.

Медицинските прегледи се веќе закажани, Санчо ќе ги помине штом заврши со репрезентативните обврски и ќе стави потпис на петгодишен договор, кој би можел да се продолжи на дополнителна сезона, односно до јуни 2027 година.

https://twitter.com/ManUtd/status/1410593543257657344

Инаку, од овој трансфер ќе заработи и градскиот ривал Манчестер сити, кој имаше ставено процент при следна продажба на Санчо, кога го продаваше на германските Милионери. Сума од 13 милиони евра ќе оди на сметка на Граѓаните, кои во летото 2017 година добија отштета само од пет милиони евра за својот талент.

- Оглас -

Најнови вести