И клупската легенда си замина од „Стемфорд бриџ“

Челзи остана без раководство откако и Петр Чех го потврди своето заминување од функцијата технички директор. Легендарниот голман на Сините пред три години застана на функцијата и беше одговорен за развојот на младинските категории, а имаше и улога во реализирањето трансфери.

„По смената на раководството, почувствував дека е вистински момент да отстапам од функцијата. Беше привилегија да работам во Челзи во изминативе три години. Мило ми е што клубот е во вистински раце и сигурен сум дека успеси ќе се редат во иднина, исто како досега“, изјави Чех за официјалниот клупски веб-портал.

Сините во изминативе денови ја прекинаа соработката со Марина Грановската, спортската директорка, а од функцијата претседател по 19 години се повлече и Брус Бак.

Клубот од Лондон буквално остана без оперативци, па сега новиот газда Тод Боели делува како преговарач за нови засилувања заедно со тренерот Томас Тухел.

- Оглас -

Најнови вести