И кога ќе задоцниш, во Sport Life не е доцна за добивка

Уплатата во живо што одамна ја нудат обложувалниците на Sport Life ви овозможува и со задоцнување да уплатите навреме и да ги одиграте планираните натпревари. Tаков случај во Охрид донесе убава добивка од 112.000 денари.

Тикетот со 4 двојки е уплатен во 16.04 часот, само четири минути откако започна мечот меѓу Осасуна и Реал Мадрид, што очигледно добитникот на тикетот го планирал со тип 4+ на голови.

Без проблем иако мечот бил почнат, тикетот е уплатен, со комбинација од еден меч во живо, и тоа над 3,5 голови на мечот Осасуна – Реал Мадрид и три дуели кои сè уште не биле започнати, па со влог од 50 денари, добивката е 1.800 евра.

За да биде добивката толку голема, најмногу придонесе Дербито дела Мадонина, што е типувано со комбиниран знак 1&5+ со висок коефициент 16. Интер со пресврт го победи Милан со 4:2 и потоа се чекаше победа на Барселона најмалку со пет гола на мечот во Севилја против Бетис.

И Каталонците се потрудија тикетот уплатен во Sport Life во Охрид да биде добитен, а среќа со победнички гол за 3:2 донесе Ленгле.

За добитна битолска десетка, клучни беа Пандев и Несторовски и големиот бонус на Sport Life

Со старата добра игра на конечен тип обложувач во Битола си дојде до одлична добивка од 119.583 денари со уплата од 50 денари.

Мајсторски се нанижани точно погодени 10 двојки, а меѓу нив клучни беа екипите за коишто играат двајца наши репрезентативци.

Горан Пандев со нов гол во Серија А се погрижи да излезе кецот на Џенова против Калјари, а Илија Несторовски и неговиот тим Удинезе израмнија и буквално во последен момент во 93-тата минута за на тикетот уплатен во Битола да излезе и единствената типувана нула на мечот во Бреша.

Интересно е што од типуваните 10 меча, на 7 разликата на дуелите беше само еден гол, но, за среќа, сите 10 двојки се погодени за убава добивка од 1.900 евра.

Дали е случајно или не, обложувачот ги има на тикетот сите 7 двојки што како неделни натпревари беа на менито во ова коло од Спортска прогноза и што ви ги понудивме со конечни типови за добитен тикет со коефициент 344.

За да биде толку голема добивката, се погрижи и Sport Life со бонус од 24 проценти на 10 одиграни натпревари, што во случајов ја збогати добивката за малку повеќе од 23 илјади денари.

Со 22 денари уплата, типско ливче во Ресен донесе добивка од 83 илјади денари

Играта полувреме-крај комбинирана со голови станува многу популарна во Sport Life, а таков тикет во Ресен донесе добитен тикет вреден 83.160 денари.

Со уплата од скромни 22 денари, одиграни се четири двојки со ист знак Х-1&2-4 гола и среќата му се насмевна на обложувачот во Ресен.

Три меча имаа речиси идентично сценарио и Шефилд јунајтед, Реал Сосиедад и Спортинг победија со по 2:1, откако на полувреме беше нерешено.

Динамо Загреб славеше со 2:0 против Славен Белупо, откако по првиот дел немаше голови, таман за добитен тикет со 3.780 коефициент.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести