И Конте бил во шок, не му е јасно како Италија не е на Светско првенство

Тренерот Антонио Конте вели дека бил шокиран од плејоф катастрофата за Светско првенство и поразот од Македонија, но ја поддржува одлуката неговиот колега Роберто Манчини да продолжи да работи како селектор.

На италијанските љубители на фудбалот неприфатливо им е што нивната репрезентација нема да игра на втор Мундијал по ред. Вакво нешто, никогаш порано се немаше случено.

„Моето чувство е исто како и на сите Италијанци. Многу, многу лошо се чувствувам што второ светско првенство по ред ќе ја нема Италија. Тешко ми е да прифатам дека не играме на најголемиот фудбалски настан. Огромно е разочарувањето. Изненадувањето е уште поголемо бидејќи летоска станавме европски прваци. Чудно е како актуелен европски првак не успеа да се пласира на СП. Но, тоа е реалноста, фрустрацијата е голема. Цела држава е тажна, фудбалот во Италија е сè. Ние живееме за фудбалот, го јадеме, го дишеме“ – вели Конте кој од 2014 до 2016 беше селектор на Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести