И Лапорта ќе се најде на обвинителна клупа поради подмитување судии

Актуелниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, денеска е обвинет во рамките на истрагата за подмитувањето на судии во скандалот Негреира, објави денеска шпанското обвинителство.

Лапорта иако беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година, не беше обвинет за корупција сè до денеска.

Барселона и нејзините поранешни претседатели Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел веќе заработија обвиненија за корупција во скандалот со поранешниот потпретседател на судиската комисија на Ла Лига, Хосе Марија Енрикес Негреира, за подмитување судии, а сега на обвинителна клупа ќе се најде и Лапорта.

Според обвинителството, Барселона на Негреира во периодот од 2001 до 2018 година му исплатила 7,3 милиони евра. Исплатите се одвивале преку компанијата „Даснил 95“ која била во сопственост на Негреира и неговиот син, а соработката била прекината кога тој ја загубил високата позиција во судиската организација во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести