И мајката на Кари погодува тројки од пола терен (Видео)

Љубителите на кошарката, особено оние кои ја следат НБА лигата, знаат дека Дел Кари, таткото на Стеф и Сет Кари, беше кошаркар кој се истакнуваше со добар шут за три поени, но синоќа се покажа и дека мајката Соња има кошаркарско знаење. Додуша таа како средношколка има играно кошарка и не е тотален аматер во спортот со портокаловата топка, а подоцна беше и одбојкарка. Сега веќе е потврдено дека во семејството Кари, нема некој што не може да погоди тројка од половина терен.

На хуманитарниот настан во Шарлот се појави целото семејство Кари, а кога Соња даде тројка од центарот на теренот, радоста на сите беше огромна, особено на сопругот и синовите кои можеби не очекуваа вакво нешто. Многумина се пошегуваа дека следната година би можела и Соња Кари да учествува на ол-стар натпреварот во шутирање тројки.

https://twitter.com/i/status/1096535052438175745

- Оглас -

Најнови вести