И Македонците во Австралија му се израдуваа на триумфот на Новак (Фото)

Новак Ѓоковиќ денеска дојде до десеттиот триумф на Отвореното првенство на Австралија откако во финалето го совлада Стефанос Циципас во три сета, а победата ја славеа и Македонците што живеат во Австралија.

„Род Лејвер“ Арената беше исполнета до последно место, 15.000 фанови го гледаа мечот од трибините, а уште 30.000 беа присутни во тенискиот комплекс на кој се играат мечевите од Отвореното првенство на Австралија – Мелбурн парк.

Најголем дел од нив беа навивачи на Новак, а меѓу нив имаше и Македонци кои се израдуваа на рекордната 10-та победа на Новак во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести