И Митровиќ е човек: Му заврши серијата од 8 гола на четири меча, утна и пенал

Саудискиот првак Ал-Хилал со 3-1 триумфира на гостувањето кај катарскиот Ал-Рајан во азиската Лига на шампиони во фудбал.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Жоао Кансело и Маркос Леонардо му донесоа убедливо водство на Ал-Хилал од 3-0 по првото полувреме, а во 71-вата минута Александар Митровиќ имаше одлична прилика за четврти гол за Саудијците, но не реализира пенал.

Митровиќ вечерва не даде гол и му заврши серијата од пет меча на кои даваше гол, а на претходните четири секогаш даваше по два.

- Оглас -

Најнови вести