И Монако продаде играч во Севилја

Неколку минути по официјализацијата на Висам Бен Једер во Монако, и Севилја се пофали со новата аквизиција која доаѓа од Кнежевството. Рони е нов член на андалузискиот тим откако потпиша петгодишен договор во трансферот вреден 20 милиони евра.

Португалецот кој потекнува од школата на Бенфика на 23 години ќе заигра во трета различна лига во својата кариера. По Манчестер сити, Лил и Монако, Лопес авантурата ја продолжи во Шпанија, каде што е претставен меѓу поквалитетните засилувања на Севилја.

Лопес е 13-то летно засилување на шпанскиот тим, така што вкупната сума на потрешени средства за фудбалери стигна до 144 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести