И на Фалкао не му е јасно: Еден до друг во жив ѕид, а не смеат да прослават гол со гушкање

Радамел Фалкао, напаѓачот на Галатасарај, се прашува дали има посебна причина што играчите не смеат да се поздрават при прослава на гол, што е една од мерките за заштите и превенција за ширење на корона-вирусот. Колумбиецот вчера ги проследи натпреварите од Бундеслигата, кадешто сезоната продолжи за време на пандемијата, но некои работи не му се јасни.

„Се прашувам дали има некоја посебна причина што е забрането гушкање. Во текот на натпреварите секако ќе има меѓусебен контакт, особено при прекини. При изведување на корнер дефанзивците секако ги маркираат противниците, а постаувањето на живиот ѕид е како и досега, наредени се еден до друг“, напиша Фалкао на „Твитер“.

Од вчерашната програма од 26-тото коло, најмногу внимание се посвети на дербито меѓу Дортмунд и Шалке кое го добија домаќините со убедливи 4-0, а прославата на головите издледаше смешно откако Халанд почна да игра покрај корнер-знаменцето додека соиграчите му аплаудираа на растојание од два мети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести