И на Ливерпул не им беше до славје после хорор повредата на Руи Патрисио (Видео)

Сударот на клупските колеги од Вулверхемптон, Конор Коуди и Руи Патрисио, предизвика сериозна повреда на главата на португалскиот голман, па Волците во следниот период веројатно нема да може да сметаат на својот прв чувар на мрежата, а може тој да го пропушти и Европското првенство. Патрисио беше изнесен на носила.

Веднаш после мечот, од Ливерпул преку социјалните мрежи му посакаа брзо закрепнување на Руи Патрисио, а и стрелецот на голот, Диого Жота, прво зборуваше за својот сонародник, потоа и за мечот.

Тренерот Нуно Еспирито Санто даде оптимистичка изјава, рече дека Патрисио е добар, и дека се сеќава на инцидентот.

https://twitter.com/i/status/1371578929392324617

- Оглас -

Најнови вести