И на Реал мора да му тргне во Ла Лига

Панче Ќумбев подготви фудбалски микс од Пиринеите за овој викенд, а петте двојки што ги има како предлог типови се од шпанската Ла Лига и од португалското првенство.

 

Алавес – Валенсија (Сабота, 16.15 часот) 

Дуел на две екипи со изедначен квалитет. Во последно време играат во променлива форма и тешки се за типување. Но, ќе се обидам со најмалку по еден гол на двете страни.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

Севилја -Атлетико Мадрид (Недела, 16.15 часот)

На последните три натпревари помеѓу овие два тима секогаш било ГГ3+. Верувам дека ќе биде така и овојпат.

Иако е дерби и можеби Атлетико не игра отворен фудбал со многу голови, очекувам разиграната Севилја да придонесе за ефикасен натпревар.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.55)

 

Реал Мадрид – Реал Сосиедад (Недела, 18.30 часот)

Гигантот од Мадрид никако да тргне во домашното првенство со полна пареа. Играат по принципот топло-ладно откако дојде тренерот Сантијаго Солари. Мислам дека на овој натпревар сигурно ќе победи и очекувам да има најмалку три гола.

Предлог тип: 1&3+ (1.76)

 

Бенфика – Рио Аве (Недела, 18.30 часот)

По киксот во минатото коло се освен убедлива победа на домашен терен би било разочарувачки исход за Бенфика. Оваа сезона играат под очекувањата и веќе заостануват седум бода зад водечкиот Порто.

По поразот од Портимоненсе го сменија и тренерот, па очекувам да тргнат победнички со новиот кормилар. Значи единица со најмалку три гола на натпреварот.

 

Брага – Боависта (Недела, 21 часот)  

Брага оваа сезона е одлична на свој терен. Не знае за пораз и е сериозен конкурент на големата тројка во битката за титулата во португалското првенство. Очекувам победа на домаќинот со најмлаку два постигнати гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&Т1 (1.50)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести