И надежите пукаа петарди, иако само во контролка против Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го доби контролниот натпревар против Бугарија У21 со убедливи 5-1 на стадионот на ФФМ „Петар Милошевски“ во Скопје.

Надежите на Боби Милевски ја одржаа традицијата против источниот сосед и во четвртиот меѓусебен дуел останаа непоразени, односно остварија голема победа слична на вчерашната на сениорите кои славеа со 5-0 против Лихтенштајн.

Двата гола по првите 30 минути игра ѝ донесоа сигурна предност на Македонија, а потоа во второто полувреме го дотолчија противникот со уште три погодоци до 80-тата минута за краен резултат од 5-1. Почесниот гол гостите го постигнаа во 51-та минута за намалување на резултатот на 2-1.

Ова беше прв триумф за нашата млада селекција во мартовскиот репрезентативец циклус, откако претходно загубија во пријателски дуел од Казахстан со 2-1, односно ремизираше со Словачка при конечни 2-2.

- Оглас -

Најнови вести