И најдобрите светски голмани да му подзавидат на ѕверот Столе

Столе Димитриевски е најзаслужен што Рајо Валјекано со освоен бод го напушти „Камп ноу“ и ги урна плановите на Барселона за успешен старт на сезоната во Ла Лига.

Македонскиот голман оствари нешто што досега му успеало само на Јан Облак, во три последователни меча против Каталонците да не прими гол. Столе не мораше да ја вади топката од својата мрежа ниту во лигашкиот двомеч од ланската сезона, кога на домашен терен се одигра исто без голови, а на гостувањето на „Камп ноу“ Рајо славеше со 1-0 во април годинава.

Димитриевски вечерва ја спушти завесата, нападот предводен од Левандовски, Дембеле, Рафиња, не можеше да го пробие нашиот репрезентативец. Ниту еден од вкупно 21 обид на Барса не  донесе ѝ радост, од нив Столе шест ги одбрани, а посебно се издвојува фантастичната парада по шутот на Бускетс од далечина.

Столе буквално ги разочара новите мулти-милионски ѕвезди на каталонскиот гигант, како и тренерот Чави.

- Оглас -

Најнови вести