И Нејмар му фати сеир на Меси: Што правиш таму долу? (Фото)

Ситуацијата во која Лионел Меси легна на земја како дополнителна заштита во живиот ѕид при слободен удар за Манчестер сити во финишот на синоќешната дерби-средба од ЛШ, која ПСЖ ја доби со 2-0, предизвика многу реакции меѓу фановите низ светот.

Некои сметаат дека со ова Меси покажал дека не се става над тимот и дека е тимски играч кому не му е срам да изигрува „легнат полицаец“ зад живиот ѕид, други мислат дека тоа е понижување за фудбалер кој шестпати во кариерата бил прогласуван за најдобар на светот. Во дресот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Меси никогаш нема легнато на земја за евентуално да прими удар со топка ако изведувачот на слободниот удар сака со шут по земја да го измами стоечкиот жив ѕид во кој сите скокаат.

И клупскиот колега Нејмар се јави со своја шега на сметка на Лео. Бразилецот објави слика на која тој гледа во легнатиот Меси и напиша: „Што правиш таму?“, означувајќи го Лео Меси и додавајќи емотикон со смеење со солзи.

- Оглас -

Најнови вести