Меси е во улога на легнат полицаец, Рио Фердинанд има урнебесен коментар (Фото)

Лионел Меси го постигна голот што сите со нетрпение го очекуваа, прв за Пари Сен Жермен, а беше прекрасен по мајсторската акција со Килијан Мбапе и прециозниот удар што не можеше да го одбрани Едерсон во 74-тата минута.

Сепак, потегот на мечот за Меси се случи во самиот финиш, кога се најде во неочекувана позиција, да биде во улога на легнат полицаец во живиот ѕид на ПСЖ.

Ријад Марез изведуваше слободен удар, Меси го стори тоа што никогаш досега не го правел во Барселона, а урнебесен коментар на целата ситуација имаше Рио Фердинанд.

„Ова е непочитување. Да бев во тимот, ќе речев, не, не, не, јас ќе легнам место тебе“, коментираше познатиот дефанзивец на Манчестер јунајтед, сега во улога на ТВ-експерт за мечевите во Лигата на шампионите.

Сепак, никој во ПСЖ не се пријави да го замени Меси и Лео остана на земја веднаш позади живиот ѕид на домаќините во обид да се спречи евентуален гол на Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести