И „осум од осум“ не му гарантира титула на Ливерпул

Ливерпул собра 24 бода од осум натпревари сезонава во Премиерлигата, засега ги победува сите кои му се најдоа на патот, а ваков биланс во Англија не е виден од сезоната 2005/2006, кога Челзи истотака тргна со максимални 8 победи од првите осум меча.

Челзи тогаш беше првак, но историјатот покажува дека 24 бода од осум средби воопшто не гарантира титула. Ливерпул во 1990/1991 истотака имаше осум од осум, а на крај заврши на второ место, и за нив тогаш почна долгиот пост без титула, кој трае до ден денеска.

Во далечната 1903/1904, Шефилд тргнал со осум победи по ред, а верувале или не, таа сезона завршил дури на седмо место. Манчестер јунајтед во 1985/1986, беше перфенкен во почетните осум рунди од англиското првенство, но потоа затаи, па не само што не успеа да стане првак, туку финишираше дури на четврто место. Титула после 24 бода од 8 кола, освен Челзи, освоил и Тотетенхем, во 1960/1961.

 

- Оглас -

Најнови вести