И ова го има во 21 век – Тајно го избркаа од клубот, им носел несреќа на сите тимови каде што играл

Образложението дека е баксуз и носи лоша среќа за сите тимови каде што играл е единствениот аргумент за една од најчудните одлуки во светот на фудбалот што ја донесе раководството на ТС Галакси за отказот што му го врачија на Ганецот Мохамед Анас.

Неименуван извор од клубот кој е прволигаш во Јужна Африка за тамошните медиуми изјавил дека играчот носи несреќа и сите клубови каде што играл или испаѓале или едвај се спасиле од испаѓање.

„Сите клубови за коишто играше во Јужна Африка или испаѓаа или едвај се спасуваа. Играше за Маризбург и тие за малку не испаднаа. Потоа беше во Фри Стејт старс и тие испаднаа, а тоа се случи и со Полокване сити. Лани играше за Блек Леопардс и се случи истото. Играчите на ТС Галакси беа загрижени и велат дека даваат максимум, но резултати нема. Затоа раководството тивко го отпушти Анас“, вели човек од клубот кој не е именуван од медиумите во Јужна Африка.

Анас потпиша договор со ТС Галакси во февруари оваа година, а игра за клубови од Јужна Африка од 2014 година. Има 26 години и е напаѓач со солиден ефект, ако се сметаат головите.

За Маризбург даде 9 на 39 меча, во Фри Стејт старс стрелаше прецизно 10 пати на 34 натпревари, а еден гол повеќе даде за Полокване сити на 45 натпревари.

Лани одигра 18 меча за Блек Леопардс и погоди само двапати, а за Галакси не одигра ниту еден меч и беше отпуштен со едно од најчудните образложенија во историјата на фудбалот.

Галакси по 10 кола е претпоследен во Првата лига на Јужна Африка со 5 бода.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести