И покрај клупскиот став, навивачите на Селтик повторно ја поддржаа Палестина (Фото)

Навивачите на шкотскиот Селтик повторно изразија отворена поддршка за народот во Палестина, овојпат на гостувањето кај Хартс во Единбург. Иако од клубот побараа да не го прават тоа, бидејќи тие се спортска, а не политичка организација, сепак, навивачите на Селтик истакнаа голем број на палестински знамиња во гостинскиот сектор на “Тинкастл парк“ во главниот град на Шкотска, а повикаа на такво нешто и на натпревар во среда против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

– “Го осудуваме прикажувањето на такви пораки на стадионот. Селтик е фудбалски клуб, а не политичка организација. Една од нашите темелни вредности е, уште од нашите почетоци, да бидеме отворени кон сите без разлика на раса, боја на кожа, политика или вера. Поради тоа клубот секогаш јасно кажувал дека политичките пораки и транспаренти не се добродојдени на натпреварите на кои игра Селтик.“ – се вели во клупското соопштение.

Играчите на двете екипи на вчерашниот натпревар носеа црни траки во знак на солидарност со загинатите на двете страни од војната која се води помеѓу Израел и Палестина.

- Оглас -

Најнови вести