И покрај освоената триплета, за Милер и Боатенг нема место кај Лев

Селекторот на Германија, Јоаким Лев, црвсто стои до ставот да не ги вклучи Томас Милер и Џером Боатенг во репрезентацијата и покрај одличните партии на ѕвездите на Баерн Минхен. Двајцата беа во главните улоги за освојувањето на тројната круна на Баварците, но и натаму за нив вратата е затворена во селекцијата.

„И двајцата играа одлично за Баерн и покажаа дека може да бидат клучни играчи за еден голем клуб. Сепак, по Мудијалот во Русија, одлучивме да тргнеме во друг правец и да им овозможиме на помладите меѓународно искуство“, истакна Лев, кој за претстојните мечеви во Лигата на нациите повика тројца дебитанти.

Милер можеби ја одигра најдобрата сезона во дресот на Баерн. Тројната круна е само потврда колку беше значаен за тимот на Ханси Флик, во вкупно 50 настапи, реализира 14 гола и 26 асистенции во сите натпреварувања, одлични бројки кои сепак му овозможија враќање меѓу Панцерите.

Гусенс од Аталанта, Нојхаус од Менхенгладбах и голманот на Хофенхајм Бауман ќе конкурираат за дуелите против Шпанија и Швајцарија во септемврискиот циклус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести